Љубов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Архетипски љубовници Ромео и Јулија

Љубов е појава во меѓусебните односи меѓу луѓето, кој не е целосно определуван и кој се опишува со здружување и меѓусебно помагање на две или повеќе лица. Најчесто се вели дека „љубовта не може да се определува“, но некои особини кај појавите кои луѓето ги назначуваат како љубов се еднакви или многу слични, па од нив би можело да се извлече некое појасно определување.

Околу љубовта има многу различни мислења (посебно бидејќи таа е лична, па секој човек си има свое сопствено определување). Од „здравото мнозинство“ љубовта се определува како крајно блиска врска меѓу машко (маж/момче) и женско (жена/девојка), но од тие кои не припаѓаат на ова мнозинство (како нпр. хомосексуалци) доаѓаат и други определувања. Една од нив е дека „љубовта е најголемата врска меѓу две или повеќе човечки суштества, без разлика на нивниот пол, вера, народност и раса.

Безлична љубов[уреди | уреди извор]

За едно лице може да се каже дека му се допаѓа некој предмет, принцип или цел доколку тие го ценат многу и се длабоко посветени на тоа. Слично на тоа, доброволната ,,љубовˮ на теренските и волонтерските работници којашто го надминала сожалувањето не мора секогаш да се роди од меѓучовечка љубов, туку и од безлична љубов заедно со алтруизам и силни духовни и политички убедувања. Луѓето можат исто така да ,,сакаатˮ материјални предмети, животни, или активности доколку тие се навлекуваат самите себеси во зближување или пак во соживување со тие работи. Ако постои и сексуална страст, оваа состојба се нарекува парафилија.

Меѓучовечка љубов[уреди | уреди извор]

Меѓучовечката љубов се однесува на љубовта меѓу луѓето. Таа е многу посилно чувство за разлика од едноставната склоност кон другиот. Невозвратена љубов е онаа каде што љубовни чувства постојат само од едната страна. Меѓучовечката љубов најтесно се поврзува со меѓучовечките односи. Таквата љубов може да постои меѓу членови на семејството, пријатели и двојки. Исто така, постојат голем број на психолошки нарушувања поврзани со љубов, пример за тоа е еротоманијата. Во текот на историјата, филозофијата и религијата имаат најмногу размислувања за феноменот на љубовта. Во минатиот век, психологијата како наука има пишувано многу на оваа тема. Во последниве години психологијата, антропологијата, неврологијата и биологијата придонеле во разбирањето на природата и функцијата на љубовта.

Психолошка основа[уреди | уреди извор]

Баба и внуче во Шри Ланка

Психологијата ја отсликува љубовта како когнитивен и општествен феномен. Психологот Роберт Стернберг ја создаде Триаголната теорија на љубовта и тврдеше дека љубовта се состои од три различни компоненти и тоа: интимност, посветеност и страст. Интимноста е форма на љубовта каде што две лица имаат доверба еден во друг и споделуваат разни детали од својот приватен живот. Интимноста најчесто се манифестира во пријателски и романтични љубовни врски. Од друга страна пак, посветеноста е надеж дека врската е трајна. Последната и најчеста форма на љубов е сексуалната привлечност и страст. Двете, страсната љубов и романтичната љубов се прикажани во занесеност. На сите облици на љубов се гледа како на различни комбинации од овие три компоненти. Нељубовта не вклучува ниту еден од овие компоненти. Допаѓањето вклучува само интимност. Заслепеноста вклучува само страст. Празната љубов вклучува само посветеност. Романтичната љубов ги вклучува и интимноста и страста. Пријателската љубов вклучува интимност и посветеност. Несериозната љубов вклучува страст и посветеност. И на крај, совршената љубов ги вклучува сите три. Американскиот психолог Зик Рубин се обидел да ја дефинира љубовта со помош на психометрика, во 70-тите години од 20 век. Во неговото дело, тој тврди дека љубовта ја сочинуваат три фактори, и тоа: приврзаност, грижа и интимност.

По развојот на настаните во електромагнетните теории како што е Кулоновиот закон којшто покажа дека позитивните и негативните полнежи се привлекуваат, аналогиите во човечкиот живот се развија, како што се ,,спротивностите се привлекуваатˮ. Во текот на минатиот век, истражувањето на природата на човечкото размножување, генерално покажа дека ова не е вистина кога станува збор за карактерот и личноста. Луѓето се стремат кон тоа да сакаат луѓе коишто се слични на нив. Сепак, во неколку необични и специфични области, како што е имунолошкиот систем, се чини дека луѓето претпочитаат другите да се различни од нив, бидејќи така на крајот ќе се роди бебе коешто го има најдоброто од двете страни. Во последниве години, се развиле различни теории за човечкото врзување, опишани во услови на приврзаност, врски, обврски и склоности. Некои западни стручњаци ваквото врзување го поделија на две главни компоненти, алтруистичка (несебична) и нарцисоидна. Ова гледиште е претставено во делата на Скот Пек, чијашто работа во областа на применетата психологија била истражување на дефинициите за љубовта и злото. Пек тврди дека љубовта е комбинација од ,,грижата за духовниот раст на другиотˮ, и едноставен нарцизам. Во комбинација, љубовта не е само чувство туку и активност.

Според Сигмунд Фројд, во основата, љубовта е сексуален феномен, зашто полната љубов му обезбедува на човекот најпотполно задоволување и му претставува образец на секоја среќа. Оттука, човекот треба да ја бара животната среќа во областа на полните односи и гениталната еротика да ја постави во центарот на животот. Според Фројд, дури и братската љубов е резултат на сексуалната желба во која сексуалниот инсинкт е трансформиран во нагон со „инхибирана цел“. Од друга страна, чувството на соединување и единство со саканата личност Фројд го толкув како патолошки феномен и како враќање кон состојбата на раниот „неограничен нарцисизам“. Оттука, според Фројд, љубовта е ирационален феномен, т.е. заљубеноста секогаш се граничи со абнормалното, таа е проследена со слепило за реалноста и претставува пренесување на објектот на љубовта од детството. Според Ерих Фром, Фројдовите идеи за љубовта како сексуално задоволување е реакција на конзервативните идеи од викторијанскиот период, одраз на дарвинистичките идеи за капитализмот како систем кој одговара на природата на човекот и резултат на грубиот материјализам од 19 век, кој тврдел дека суштината на сите духовни феномени може да се најде во физиолошките процеси.[1]

Наспроти Фројд, американскиот психоаналитичар Хари Саливан прави строга поделба меѓу сексуалноста и љубовта. Според него, под љубов, т.е. интимност се подразбира таквата ситуација меѓу двајца луѓе која дозволува вреднување на сите компоненти на личната вредност. Вреднувањето на личната вредност, пак, бара определени односи кои тој ги нарекува „соработка“, а која ја дефинира како јасно формулирано приспособување на нечие однесување кон изразените потреби на другата личност во стремеж за сè поблиско заемно задоволување и извршување активности кои носат сигурност. Значи, според Саливан, љубовта е еден вид соработка („тимска работа“ меѓу двајца луѓе заради остварување на заедничките интереси, т.е. во потрагата по заедничка цел.[2]

Ерих Фром, во неговата книга „Вештината на љубовта“ тврди дека во современото западно општество е присутна дезинтеграција на љубовта при што сите видови љубов (братската, мајчината и еротската) се релативно ретка појава, а наместо љубовта се присутни разни патолошки облици на псевдољубов. Според Фром, љубовта меѓу двајца луѓе е можна само ако тие комуницираат од центарот на својата егзистенција и ако секој од нив се доживува себеси како центар на своето постоење. Единствено во тоа „централно искуство“ се наоѓа основата на љубовта. Фром ја гледа љубовта како решение на проблемот на човековата егзистенција, зашто таа овозможува целосно спојување со саканата личност, но притоа човекот целосно ја задржува индивидуалноста. Исто така, љубовта е пред сè давање, а не примање, зашто во неа човекот го дава најскапото нешто – дел од својот живот. Освен во елементот на давањето, активниот карактер на љубовта се состои во тоа што таа вклучува: грижа, одговорност, почитување и знаење. Во суштината, љубовта не е однос кон некоја конкретна личност, туку таа е став и ориентација на карактерот кон светот како целина, а не само кон еден „објект“ на љубовта. Според Фром, љубовта љубовта не е само чувство, туку исто така и вештина која може да се научи и треба да се совлада, а тоа е можно преку практикување на љубовта. Во тој поглед, љубовта е лично искуство кое секој човек мора да го доживее со помош на себеси и за себеси. Примената на љубовната вештина бара дисциплина, концентрација, трпение, а совладувањето на оваа вештина мора да ни биде од најголема важност. Притоа, основниот услов за да се достигне љубовта е надминувањето на сопствениот нарцисизам, а тоа пак бара скромност, обејктивност и ум. Исто така, ослободувањето од нарцисизмот бара рационална вера, а тоа значи цврстина во нашите убедувања и чувства[3]

Еволуциона основа[уреди | уреди извор]

Научниците се обидоа со помош на еволутивната психологија објаснат зошто љубовта е средство за преживување. Затоа за овој продолжен временски период љубовта се смета како начин на докажување на родителската поддршка кон децата. Друг фактор можат да бидат сексуално преносливите болести, коишто можат да предизвикаат, меѓу другото, трајно намалена плодност, повредата на фетусот, како и зголемување компликации за време на породувањето.

Стара Грција[уреди | уреди извор]

Грчкиот јазик дава неколку различни значења при користењето на зборот ,,љубовˮ. На пример, во старогрчкиот јазик постојат филија, ерос, агапе, сторге, и ксенија. Сепак од историска гледна точка, тешко е да се одделат сосема значењата на овие зборови во грчкиот јазик (како и во многу други јазици). Во исто време, во старогрчкиот текст на Библијата има примери на глаголот agapo каде што има истото значење со phileo.
Агапе (ἀγάπη) на денешен грчки јазик значи љубов. Грчкиот глагол s'agapo значи те сакам. Еквивалент на зборот agapo е глаголот сакам. Тоа обично се однесува на „чиста“ идеална љубов, а не на физичка привлечност којашто имплицира ерос. Сепак постојат примери кадешто агапе го има истото значење со ерос. Исто така, агапе се преведува и со „душевна љубов“.
Ерос (ἔρως) (според грчкиот бог Ерос) е страствена љубов, проследена со телесна желба и копнеж. Грчкиот збор erota значи „заљубен“. Платон преку своето поимање на еросот, го облагородува неговото значење. Иако еросот, првично се чувствува за личност, со подлабоко согледување еросот преминува во љубов кон убавината којашто се наоѓа внатре во таа личност, или дури преминува во љубов кон самата убавина. Еросот и помага на душата да се потсети на познавањето на убавината и придонесува за разбирање на духовната вистина. Еросот им служи на љубовниците и филозофите како инспирација во потрагата по вистината. Во некои преводи овој вид на љубов може да се сретне како „телесна љубовˮ.
Филија (φιλία), непристрасна и чесна љубов, концепт насловен и развиен од Аристотел. Овој вид на љубов вклучува верност кон пријателите, семејството и заедницата, и бара доблест, еднаквост и блискост. Филија е мотивирана од практични причини, едната или двете страни имаат корист од врската. Честопати се преведува и како „умствена љубов“.

Сторге (στοργή) е природна наклонетост, како онаа што родителите ја чувствуваат за потомството.

Ксенија (ξενία), гостопримството било важна навика во Стара Грција. Тоа е пријателство коешто се раѓа помеѓу домаќинот и неговиот гостин, кој претходно можел да биде и странец, речиси се претворало во ритуал. Домаќинот го хранел и му обезбедувал преноќишта на гостинот од кој се очекувало само благодарност. Важноста на овој вид на љубов може да се забележи низ грчката митологија, особено во Хомеровите „Илијада“ и „Одисеја“.

Кај античките Грци, љубовта не била само страст, туку за неа била развиена научна доктрина. Така, Хесиод сметал дека љубовта е најстарото божество, душа и творец на светот,[4] а Ксенофонт сметал дека љубовта е работа на слободната волја, зашто кога убавината би имала суверена сила, таа би била убава за секого. Според него, љубовта зависи од волјата, зашто едни се вљубуваат во една убавина, а други се рамнодушни кон неа; исто така, братот не се вљубува во сестрата, ниту таткото во ќерката, зашто тие не скаат да го направат тоа.[5]

Стариот Рим[уреди | уреди извор]

Латинскиот јазик има неколку различни глаголи што одговараат на англискиот збор ,,љубовˮ. ''Amō'' е основниот глагол, со значење ,,to loveˮ и инфинитивот amare (сака), како што е сѐ уште во денешниот италијански јазик. Римјаните ги користеле и двата збора во смисла на благонаклонетост како и во романтична и сексуална смисла. Од овој глагол произлегуваат именките amans – љубовник, amator – professional lover, честопати со додавање на поимот разврат и amica- girlfriend (девојка), на англиски јазик, често се употребува и еуфемистички со значење на проститутка. Соодветната именка е amor (значењето на овој термин за Римјаните е добро илустрирано со фактот дека името на градот, Рим, на латински: Roma може да се гледа како анаграм за amor, кој бил искористен како тајно име на градот во пошироките кругови во античките времиња), кое исто така се користи во множина за да се означат љубовните врски или сексуалните авантури. Од овој ист корен произлегува amicus- friend (пријател) и amicitia- friendship (пријателство), (често се заснова на заемна корист и понекогаш соодветствува повеќе на indebtedness ( задолженост) или influence (влијание)). Цицерон напишал трактат насловен како ,,Пријателствоˮ (de Amicitia), каде што го дискутира поимот до одредена точка. Овидиј напишал водич за состанување со име „Ars Amatoria“ (уметноста на љубовта), во којшто длабоко навлегува со објаснување за се, од вонбрачните афери до родители коишто се настроени заштитнички претерано.

Во латинскиот јазик понекогаш се користи amāre, како еквивалент на англиското like (сака). На овој поим (like), во латинскиот јазик општо земено повеќе му одговараат placere или delectāre коишто се користат во секојдневниот говор, а вториот поим се среќава во љубовната поезија на Катул. Чести еквиваленти на diligere се ,, to be affectionate forˮ и ,,to esteemˮ и речиси никогаш не се користи за искажување на романтична љубов. Овој поим би бил соодветен за опишување на пријателство помеѓу двајца мажи. Сепак соодветната именка diligentia го има истото значење со diligence- трудољубивост или со carefulness- грижливост и има мало семантичко преклопување со глаголот. Observare е синоним на diligere, а покрај сродноста со англискиот поим, овој глагол со својата соодветна именка observantia честопати значат esteem – почит или affection- љубов. Поимот caritas се користи во латински преводи на христијанската Библија а значи charitable love- несебична љубов, сепак ова значење не постои во класичната паганска римска литература. Бидејќи произлегува од спојување со грчки збор не постои соодветен глагол.

Латинските автори, како Лукрециј и Јувенал, најчесто зборувале за љубовта како физичко задоволство. Така, во својот еп, Лукрециј вели дека љубовта е задоволство кое се плаќа скапо, зашто поради неа ги губиме парите, времето, силата и самољубието. Против таа несреќа, Лукрециј препорачува да се бега од жените. Наспрти него, Проперциј повеќе сакал да им робува на жените отколку да биде слободен меѓу мажите, а љубовта ја сметал за најголемо богатство. Сепак, тој советувал дека мажот треба да се брани од каприците на својата љубовница; да не ѝ се зборува од висина, но ниту да се молчи пред неа; да не се прави непријатно лице кога ѝ служиме.[6]

Религиозни ставови[уреди | уреди извор]

Аврамски религии[уреди | уреди извор]

Христијанство[уреди | уреди извор]

Според христијанското учење, љубовта доаѓа од Господ. Љубовта помеѓу мажот и жената од грчки јазик- ерос и несебичната љубов спрема другите- агапе, често се во контраст, првата е ,,нагорнаˮ а втората ,,надолнаˮ но во суштина се исти. Постојат неколку грчки зборови за љубов коишто често се користат во христијанството:
''Агапе''- во Новиот завет агапе е добротворна, несебична, алтруистичка, и безусловна. Таков вид на љубов е родителската љубов на којашто се гледа како на правење добрина низ светот. Тоа е начинот преку кој се гледа дека Бог го сака човештвото, и на оваа љубов се гледа како на вид на љубов која што христијаните се стремат да ја имаат еден за друг.
''Филија''- исто така се среќава во Новиот завет. Филија е всушност човечкиот одговор на нешто што е прекрасно. Исто така е позната и како братска љубов. Во грчкиот јазик се познати уште два други збора за љубов и тоа ерос (сексуална љубов) и сторге (љубовта што децата ја чувствуваат спрема родителите) , коишто никогаш не се употребени во Новиот завет. Христијаните веруваат дека двете најважни работи во животот (според Исус, најголемата заповед на еврејската Тора, Евангелието на Марко 12 глава, стихови 28-34) се да го љубиш Бог со целото твое срце, ум и сила и да го сакаш ближниот како себе си.

Свети Августин го сумираше сето ова кога напиша ,, Love God, and do as thou wilt. ˮ- Љуби го Бога и дејствувај по твоја волја. Апостол Павле ја величаше љубовта како најважна доблест од сите. Во првата песна од Прво послание до Коринќаните, тој напишал: ,,Љубовта е трпелива, љубовта е нежна. Таа не завидува, не се фали и не се гордее. Таа не е груба, таа не е себична, таа не се разгневува лесно, таа не е злопамтило. Љубовта не ужива во злото но се радува на вистината. Таа секогаш заштитува, секогаш верува, секогаш се надева и секогаш истрајува.ˮ (1 Кор. 13:4-7, стих).

Апостол Јован напишал: - ,,Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син да му суди на светот, туку да го спаси светот преку Него. "(Јован 3:16-17, стих). Јован исто така напиша: ,, Возљубени да се љубиме еден со друг зошто љубовта е од Бога и секој кој љуби, од Бога е роден и Го познава Бога. А кој не љуби не Го познава Бога, зошто Бог е љубов.ˮ (1 Јован 4:7-8, стих)

Свети Августин вели дека поединецот мора да биде способен да ја дешифрира разликата помеѓу љубовта и страста. Страста, според свети Августин, е претерување, но да сакаш и да бидеш сакан тоа е она што тој го бара за целиот свој живот. Тој дури вели: ,, Јас бев заљубен во љубовта.ˮ Конечно тој се заљубил и љубовта му била возвратена, од Бога. Свети Августин вели дека единствениот којшто може да те сака навистина и целосно е Бог, бидејќи љубовта меѓу луѓето, само остава простор за стравови како што се љубомората, сомнежот, стравот, лутината и расправијата. Според Свети Августин, да го љубиш Бога е ,,да го постигнеш твојот мирˮ. (Исповедите на свети Августин) Христијанските теолози на Бога гледаат како на извор на љубов која се огледува во луѓето и нивните сопствени љубовни врски. Влијателниот христијански теолог [[К.С. Луис напишал книга ,,The Four Lovesˮ. Папата Бенедикт XIV го напишал своето прво послание со наслов ,,Бог е љубовˮ. Тој рече дека човечко суштество, создадено според образот Божји, Бог којшто е љубов, е способно да љуби, со предавањето на самиот тој на Бог и на другите (агапе) и со примањето и искусувањето на Божјата љубов во страста (ерос). Според него, овој живот со љубов, е живот на светците како што се Тереза од Калкута и Пресвета Богородица и дека тоа е насоката по којашто се движат христијаните кои веруваат дека Бог ги сака. Во христијанството, конкретната дефиниција за љубовта најдобро е прикажана од свети Тома Аквински којшто ја дефинира љубовта како ,, да му посакаш добро на другиотˮ или да посакаш другиот да успее. Ова е објаснувањето на христијанската потреба, да се љубат другите, вклучувајќи ги и нивните непријатели. Христијанската љубов е мотивирана од потребата да се видат другите како успеваат во животот, да станат добри луѓе, објаснува Тома Аквински.

Љубовта како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Често, љубовта се јавува како тема во уметноста и во популарната култура. Во тој поглед можат да се наведат бројни примери на книжевни и музички дела посветени на љубовта.

Љубовта како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Љубовта во прозата[уреди | уреди извор]

Љубовта во драмската уметност[уреди | уреди извор]

Љубовта во поезијата[уреди | уреди извор]

  • „Љубовна разделба“ (Љубавни растанак) - српска народна песна.[30]
  • „Љубов“ - песна на руската поетеса Ана Ахматова.[31]
  • „Молкот љубов не е“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[32]
  • „Зад себе љубов да оставиш“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[33]
  • „После љубовта само љубов останува“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[34]
  • „Нема голема љубов ако нема големи луѓе“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[35]
  • „И за љубов чо'ек треба да го бива“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[36]
  • „Како љубов на прв и единствен поглед“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[37]
  • „Само љубовта разум нема“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[38]
  • „Од љубов да не куртулиш“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[39]
  • „Која љубов на светов му остана“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[40]
  • „Песната на љубовникот“ (The Lover's Song) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[41]
  • Десет книги за Среќата на љубовта“- книга на каталонскиот поет Антонио де Лофрасо од 1573 година.[42]
  • „Љубов и смрт“ (Amore e Morte) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1832 година.[43]
  • „Писмо до другарот Костров од Париз за суштината на љубовта“ (Письмо товарищу Кострову о сущности любви) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1928 година.[44]
  • „Љубовна слика“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини од 1941 година.[45]
  • „Љубов, љубов моја“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини.[46]
  • „Љубов“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[47]
  • Љубовната песна на Ј. Алфред Пруфрок“ (The Love Song of J. Alfred Prufrock) - збирка песни на британскиот поет Т.С. Елиот од 1917 година.[48]
  • „Пергаментна љубов“ - песна во проза на Андре Бретон.[49]
  • „Љубовна песна“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[50]
  • „Газела за очајната љубов“ (Gacela del amor desesperado) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[51]
  • „Љубов“ (Лыбовь) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1913 година.[52]
  • „Слово за љубовта“ (Slovo o ljubavi) - песна од истоимената поетска збирка на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1983 година.[53]
  • „Љубов“ (Љубав) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[54]
  • „Тајната љубов“ (Тајна љубав) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[55]
  • „Исповеди на божествената љубов“ - песна на арапскиот поет Ал-Халаџ.[56]
  • „Љубовни јадови“ - песна на арапскиот поет Абул Атахија.[57]
  • „Моќта на љубовта“ - песна на арапскиот поет Абу Нувас.[58]
  • „За љубовта“ - песна на арапскиот поет Бешар Ибн Бурд.[59]
  • „Страдањата на вљубените“ - песна на арапскиот поет Џемил.[60]
  • „Љубов пред раѓањето“ - песна на арапскиот поет Џемил.[61]
  • „Љубовната песна на Ј. Алфред Пруфорк“ - поема на Томас Стернс Елиот од 1915 година.[62]
  • „Љубов без починок“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[63]
  • „Нова љубов, нов живот“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[64]
  • „Ноќ на љубовта“ (Ноћ љубави) - песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[65]
  • „Љубов“ - збирка поезија на францускиот поет Пoл Верлен од 1888 година.[66]
  • „Песна на љубовта“ (Песма љубави) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[67]
  • „Мојата љубов“ (Моја љубав) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[68]
  • „Умирањето на љубовта (Umiranje ljubavi)“ - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ.[69]
  • „Првиот ден на љубовта“ (Prvi dan ljubavi) - песна на Десанка Максимовиќ.[70]
  • „Љубов“ - (Ljubav) - песна на Десанка Максимовиќ.[71][72]
  • „Градски љубовници“ - (Gradski ljubavnici) - песна на Десанка Максимовиќ.[73]
  • „Вљубеност“ - (Zaljubljenost) - песна на Десанка Максимовиќ.[74]
  • „Вљубената“ - песна на Пол Елијар од 1924 година.[75]
  • „Седум песни за љубовта во војната“ - песна на Пол Елијар.[76]
  • „Редот и безредието на љубовта “ - песна на Пол Елијар од 1946 година.[77]
  • „Нацрт за современа љубовна песна“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 1963 година.[78]
  • „Вљубените“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[79]
  • „Среќна љубов“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[80]
  • „Љубов на прв поглед“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[81]
  • „Првата љубов“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[82]
  • „Љубов“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[83]
  • „Љубов“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[84]

Љубовта како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Љубовта како тема во популарната музика[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Љубовна песна.
  • „Твојата љубов е крал“ (Your Love is King) - песна на британската пејачка Шаде (Sade).[90]
  • „Љубовта не се купува“ (Can't Buy Me Love) - песна на британската група „Битлси“ (The Beatles) од 1964 година.[91]
  • „Љубовта е сè што ти треба“ (All You Need Is Love) - песна на британската група „Битлси“ (The Beatles) од 1967 година.[92]
  • „Град без љубов“ (Grad bez ljubavi) - песна на хрватската група „Азра“ (Azra) од 1981 година.[93]
  • „Караван на љубовта“ (Caravan of love) - песна на американската група „Ијсли брадерс“ (Isley Brothers).[94]
  • Љубов“ (Love) - албум на британската рок-група „Калт“ (The Cult) од 1985 година.[95]
  • „Љубов“ (Love) - песна на John Lennon & The Plastic Ono Band од 1971 година.[96]
  • „Љубовта е во воздухот“ (Love is in the Air) - песна на Џон Пол Јанг (John Paul Young) од 1978 година.[97]
  • Песни за љубовта и омразата“ (Songs of love and hate) - албум на канадскиот пејач Леонард Коен од 1971 година.[98]
  • „Моќта на љубовта“ (The power of love) - песна на американската поп-пејачка Џенифер Раш (Jennifer Rush) од 1984 година.[99]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Erih From, Umeće ljubavi. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 126-129.
  2. Erih From, Umeće ljubavi. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 126-129-130.
  3. Erih From, Umeće ljubavi. Beograd: Vulkan, 2017.
  4. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 117.
  5. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 120-121.
  6. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 118.
  7. „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 590.
  8. „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 601.
  9. Marsel Prust, Jedna Svanova ljubav. Beograd: Paidea, 2017.
  10. „Поговор“, во: Чарлс Веб, Дипломец, Темплум, Скопје, 2012, стр. 267.
  11. Andžela Karter, Ljubav. Novi Sad: Svetovi, 1991.
  12. Milan Kundera, Smešne jubavi. Beograd: Prosveta, 1988.
  13. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 162.
  14. „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
  15. 15,0 15,1 „Читај, патувај, уживај – Саем на книга 2016 – програма на активности“, Антолог, 2016.
  16. Роберт Алаѓозовски, „Боење на градското сивило“, Економија и бизнис, год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 133-135.
  17. Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 20-28.
  18. Mihailo Pavlović, „O piscu Tereze Deskejru“, во: Fransoa Morijak, Tereza Deskejru. Beograd: Rad, 1964, стр. 106.
  19. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 230-242.
  20. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 283.
  21. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  22. Дејан Мирчески, Кристалните јами на пропаста, Темплум, Скопје, 2012.
  23. Иван Шопов, Азбука и залутани записи, Темплум, Скопје, 2010.
  24. Дозгулпмус, Тритонус, Темплум, Скопје, 2008.
  25. Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 62-66.
  26. Горан Петревски, Одбрани трудови. Скопје: Темплум, 2014.
  27. „Земја на љубовта“, Betty магазин, година IV, број 37, март 2017, стр. 23.
  28. Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 101.
  29. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 164.
  30. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 50.
  31. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 48.
  32. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 32-34.
  33. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 43-44.
  34. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 58-59.
  35. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 62-63.
  36. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 70-71.
  37. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 90-92.
  38. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 103-105.
  39. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 113-114.
  40. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 156-157.
  41. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 164.
  42. „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 583.
  43. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 38-41.
  44. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 165-170.
  45. Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 9.
  46. Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 31.
  47. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 74.
  48. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 9-14.
  49. Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 31.
  50. Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 129-130.
  51. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 145.
  52. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 24.
  53. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 114-115.
  54. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 33-34.
  55. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 41-42.
  56. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 61-65.
  57. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 41.
  58. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 40.
  59. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 35-36.
  60. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 30-31.
  61. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 29.
  62. T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977. Beograd: Rad, 1964, стр. 7-11.
  63. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 45.
  64. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 39.
  65. Vladislav Petković Dis. Beograd: Mlado pokolenje, 1971, стр. 56.
  66. Пакал Гилевски, „За поезијата на Пол Верлен“, во: Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987.
  67. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 54-55.
  68. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 32-33.
  69. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 38.
  70. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 15.
  71. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 27.
  72. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 28.
  73. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 40-41.
  74. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 60.
  75. Пол Елијар, Времето не проаѓа. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 14.
  76. Пол Елијар, Времето не проаѓа. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 55-59.
  77. Пол Елијар, Времето не проаѓа. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 64-65.
  78. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 37-38.
  79. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 6.
  80. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 167-168.
  81. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 282-283.
  82. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 320.
  83. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 27-28.
  84. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 47.
  85. Aнтена, број 827, 2.5.2014, стр. 18.
  86. 9.2.2108 HRT (пристапено на 9.2.2018)
  87. Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017
  88. IMDb, Love Story (1970) (пристапено на 14.6.2017)
  89. РТС, Љубав у бекству (пристапено на 20.5.2019)
  90. YouTube, Sade - Your Love Is King (пристапено на 19.1.2017)
  91. YouTube, The Beatles - Can't Buy Me Love (пристапено на 16.1.2017)
  92. YouTube, The Beatles - All You Need Is Love (Slideshow) HD (пристапено на 16.1.2017)
  93. YouTube, AZRA "Grad bez ljubavi" LIVE SINJ 1987. (пристапено на 12.1.2017)
  94. YouTube, Caravan of love The Isley Brothers (пристапено на 8.1.2017)
  95. All Music, Love - The Cult (пристапено на 16.1.2016)
  96. YouTube, Love - John Lennon/Plastic Ono Band (official music video HD) (пристапено на 30.3.2020)
  97. Fatboy Slim - Love Island (посетено на 16.12.2016)
  98. Leonard Cohen - Songs of Love and Hate (пристапено на 12.11.2016)
  99. YouTube, Jennifer Rush - The Power Of Love (Official Video) (пристапено на 8.1.2017)